Македонија
16. September 2017 - 9:30

Улична анкета за управување со отпад

Во Битола денеска ќе биде спроведена улична анкета што ја организира Проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“ финансиран од ЕУ.

Оваа улична анкета е продолжение на Уличната анкета што се одржа во ноември 2016 година. Целта ја воочи зголемената свест на граѓаните во однос на управувањето со отпадот и нивната информираност во врска со активностите на проектот. Граѓаните ќе имаат можност повторно да го искажат своето мислење и своите ставови поврзани со управувањето со отпадот во нивниот регион.