Украинските власти ја уапсија „народната хероина“ Надија Савченко
Украинските власти денеска ја уапсија пратеничката во Врховната рада и поранешен пилот на хеликоптер, Надија Савченко, која во Украина беше третирана како народна хероина, откако мина две години во затвор во Русија.
Припадници на украинската Служба за државна безбедност ја уапсија Савченко под обвинение за планирање на воен удар „во интерес на непријатилите на Украина“.
Според украинското Јавно обвинителство, Савченко планирала напад врз Парламентот со употреба на бомби и автомтско оружје набавени од проруските сепаратисти од источна Украина.
Савченко беше уапсена во зградата на Парламентот, откако претходно Врховната рада и го одзема пратеничкиот имунитет.
Савченко, која е еден од најжестоките критичари на актулената украинска Влада, од своја страна, тврди дека агенти на тајната служба се обидуваат да ја дискредитираат и да и подометнат дека планира уривање на Владата.
Таа стана позната за пошироката јавност во Украина откако во 2014 година беше уапсена од проруските сепаратисти во Луганск по обвинението издадено од Русија за наводна вмешаност во убиството на двајца руски новинари.
Во мај 2016 година таа беше ослободена од руски затвор, во рамки на договорот за размена за затвореници со Русија, по што активно се вклучи во украинската политика.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници