Украинскиот град Харков се подготвува да го отвори своето прво подземно училиште
Градот Харков во Источна Украина, кој редовно е цел на руските напади, во март ќе го отвори своето прво подземно училиште, јави ДПА.
Изградбата на училиштето во индустриската зона на градот се одвива според планот и покрај непријателскиот оган и студената зима, напиша денеска во „Телеграм“ градоначалникот Игор Терехов.
Веќе се изградени првите бетонски потпорни конструкции. Сега се работи на изолација, вентилација и водовод и канализација, рече градоначалникот.
Има и прелиминарни планови за изградба на уште едно подземно училиште во централниот кварт на градот.
Во градското метро функционираат близу 65 импровизирани училници. Во моментов на овој начин барем делумно се образуваат околу 1.000 основци.
Според властите, само околу 40 отсто од повеќе од 110.000 студенти сè уште остануваат во Харков. Голем број од нив побегнале во странство, а многу од оние кои ја напуштиле земјата студирале од далечина во нивните претходни училишта.
Украина се бори против руската инвазија повеќе од 22 месеци. Харков, вториот најнаселен град во Украина, се наоѓа на само 30 километри од руската граница и редовно е цел на руски ракетни напади, јави ДПА.
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија