-->
-->
Украинците го прогласија актерот Стивен Сигал за закана по националната безбедност
-->
Украинските власти му забранија на американскиот актер Стивен Сегал да влегува на нивна територија во следните пет години и притоа го прогласија за закана за националната безбедност, пренесе ДПА.
Сегал, кој во ноември минатата година доби руско државјанство, на неколку пати јавно ја поддржа анексијата на Крим од страна на Русија, додаде ДПА.
Актерот има црн појас по аикидо и е познат како пријател на рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата споделуваат заедничка страст кон боречките вештини.
Сегал (65) е израснат во Калифорнија и тврди дека има руско и монголско потекло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден