Украина загрижена поради наводите дека Северна Кореја и со војници ќе ја поддржи Русија
Украина е загрижена поради евентуално влошување на ситуацијата на фронтот доколку на руската армија и се придружат војници од Северна Кореја.
Јужна Кореја тврди дека Пјонгјанг испратил 1.500 војници во бази на рускиот Далечен Исток на обука и аклиматизација и оти тие најверојатно ќе бидат распоредени на фронтот во Украина.
Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха, на заедничката прес-конференција во Киев со францускиот колега Жан-Ноел Баро, предупреди на „огромната“ опасност од вложување на ситуацијата на фронтот.
Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја обвини Северна Кореја дека се подготвува да испрати 10.000 војници како помош за Русија.
Разузнавачките служби на Јужна Кореја истакнаа дека севернокорејските војници на Северна Кореја ќе бидат задолжени за лансирање на севернокорејските ракети.
Од август минатата година до сега Северна Кореја и достави на Русија артилериска муниција, балистички ракети и противтенковски ракети. Москва и Пјонгјанг негираат дека тргуваат со оружје, а Кремљ демантира дека Северна Кореја испратила војници во Русија.
Ново на Сител
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки