Украина со беспилотни летала нападна четири руски рафинерии
Украинската армија соопшти дека денеска извршила напади со беспилотни летала врз четири рафинерии, радарски станици и други воени цели на територијата на Русија.
Наведено е дека украинските беспилотни летала ги нападнале рафинериите Афипски, Илиски, Краснодар и Астрахан.
Руската армија објави дека завчера соборила 70 украински беспилотни летала над Црното Море и Крим, 43 во Краснодарската област и едно беспилотно летало над Волгоград.
Се тврди дека рафинериите Афипски, Илски и Краснодар ја снабдуваат со гориво руската Црноморска флота.
Украинската војска соопшти дека нападнала и радарски станици и центри за собирање електронски податоци во Брјанската област и Крим, како и магацини за беспилотни летала и командни и контролни центри во Краснодар.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел