Украина: Пратеници бараат парламентарна истрага за Порошенко во скандалот „Панамски документи“
Украински пратеници денеска побараа Парламентот да истражи и утврди дали украинскиот претседател Петро Порошенко користел офшор фирма за да го избегне плаќањето даноци во неговата земја, пренесоа британските медиуми.
Според Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, Порошенко формирал офшор компанија на британските Девствени острови за да го премести бизнисот на својата компанија за чоколади „Рошен“. Тоа се случило во август 2014 година, во екот на судирите во Украина меѓу украинските сили и проруските сепаратисти.
Порошенко засега не излезе со официјален коментар на откритието.
Володислав Куценко, високо позициониран претставник на украинското Главно обвинителство, изјави дека документите кои протекоа во медиумите не покажуваат дека Порошенко извршил некакво кривично дело.
Меѓународниот конзорциум на својот сајт објави изјава на портпаролот на Порошенко дека компанијата „Прајм асет партнерс лтд.“, во која Порошенко е единствен акционер, е дел од корпоративното преструктурирање. Тоа било направено со цел да се олесни продажбата на холдингот. „Рошен груп“ и оваа офшор компанија одговарале на пазарната пракса.
„Врв на цинизмот е да се отвораат офшор компании во исто време кога стотици наши војници умираат“, напиша на Фејсбук лидерот на популистичката украинска Радикална партија, Олег Лашко, цитиран од британските медиуми.
Тој повика на формирање специјална парламентарна комисија, која ќе го истражи постоењето на тајните офшор компании на Порошенко, дополнуваат француските медиуми. Лашко додаде дека секоја истрага за случајот треба да доведе до импичмент на Порошенко, пренесуваат британските медиуми.
Поддршката на Радикалната партија може да биде од пресудно значење за напорите на Порошенко да формира нова Влада и да ги избегне предвремените избори. Украинскиот претседател досега направи неколку обиди да ја елиминира Владата на премиерот Арсениј Јацењук, изјавувајќи дека таа ја загубила довербата на народот. Но, нему ќе му биде нужна поддршката на помалите партии за да обезбеди парламентарно мнозинство.
Во врска со откритијата на шемата за офшор компании, Националната служба за борба со корупцијата на Украина-Националното антикорупциско биро, соопшти дека нема да ги истражува наводите од информациите за евентуални офшор компании на Порошенко, пренесе ТАСС.
Ново на Сител
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето