Свет
18. December 2015 - 13:24

Украина нема да го и плати долгот на Русија од три милијади долари во предвидениот рок

Украина нема да го исплати долгот кон Русија од три милијарди долари до предвидениот рок за исплаќање на тој кредит, 20 декември, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Јацењук денеска на владина седница прогласи мораториум на исплаќањата кон Русија.

Тоа во пракса значи дека Украина прогласува платежна неспособност во однос на тој долг. 

Тој не посочи кога Украина ќе биде подготвена да го врати тој долг.