Украина ги повика странските пилоти на Ф-16 да се борат против Русија
Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников ги повика странските пилоти и специјалисти да се приклучат на одбраната на Украина.
Резников го упати овој апел за време на заедничкиот брифинг за новинарите со неговиот дански колега Троелс Лунд Поулсен во прес-центарот во Одеса, пренесува украинската новинска агенција Униан.
- Овој повик е упатен до пилотите. Доколку има пилоти кои знаат да летаат со борбени авиони Ф-16 и се подготвени да учествуваат (во војната), ние сме подготвени да им ја отвориме вратата, рече Резников.
Засега, САД одбиваат да испорачаат борбени авиони Ф-16 на Украина. Американскиот претседател Џозеф Бајден за време на посетата на Киев изјави дека на Украина сè уште не и се потребни авиони бидејќи, како што истакна, САД во моментов им обезбедуваат на украинските вооружени сили и друго важно оружје.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изрази уверување дека на Украинците на бојното поле во моментов им е потребна воздушна одбрана со долг дострел и оцени дека повеќенаменскиот борбен авион Ф-16 нема да и помогне на Украина во оваа фаза од војната.
Ново на Сител
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот
-
Автомобилот и три мртви тела извлечени од Вардар
-
Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна
-
Убиство во Тетово: Татко си го убил синот
-
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај, нуркачи трагаат по 4 лица
-
Мицкоски изрази сочувство за трагедијата во Цетиње
-
Велес: Возило излетало од патот и заглавило во канал, полесно повредено едно лице