Украдени интимни фотографии на Пипа Мидлтон

Пипа Мидлтон е најновата жртва на хакерски напад. На сестрата на војвотката од Кембриџ и биле украдени приватни фотографии.
Непознат маж на медиумите им понудил 3.000 фотографии на Пипа и нејзините роднини од кралството за 50.000 фунти.
Меѓу фотографиите се и оние на кои Пипа пробува венчаница, но и такви на кои нејзиниот вереник Џејмс Метјуз е целосно гол, пишува „Сан“. Има и приватни снимки од нејзината сестра Кејт и децата Џорџ и Шарлот.
Скотланд Јард потврди дека го истражува овој случај.
Хакерот веднаш ги контактирал британските медиуми и истакнал дека е подготвен да ги продаде на тој што ќе понуди најмногу пари, а почетната цена е 50.000 фунти. Тој додал дека е свесен дека поради законите во Велика Британија најверојатно фотографиите ќе осамнат во американските медиуми, но прво им ги понудил на Британците. Истакнал дека е спремен сликите да и ги врати на Пипа доколку таа му плати.
Мидлтон веднаш ги контактирала своите адвокати и полицијата.
Познатите личности често се на мета на хакери, а со слични инциденти е соочија Џенифер Лоренс и Кејт Аптон.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
-

Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата
-

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат
-

„Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево
-

Алварез би можел да го напушти Атлетико ова лето
-

Рама денеска ќе учествува на 8-та Меѓувладина конференција Албанија - ЕУ во Брисел
