Алварез би можел да го напушти Атлетико ова лето

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, би можел да го промени клубот во летниот преоден рок, објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Аргентинскиот напаѓач не е во суштински разговори со мадридскиот клуб за продолжување на договорот. Неговиот тековен договор важи до 2030 година.
ПСЖ, Барселона и неколку клубови од Премиер лигата покажуваат интерес за Алварез. Романо забележува дека раководството на Атлетико ќе има тешкотии да го задржи 26-годишниот фудбалер доколку клубот добие значителна финансиска понуда.
Алварез се приклучи на Атлетико Мадрид во летото 2024 година од Манчестер сити. Според „Transfermarkt“, вредноста на Алварез на фудбалскиот пазар изнесува 75 милиони евра.
Аргентинецот одигра 49 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и девет асистенции.
МИА
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
