Македонија
15. October 2020 - 11:58

Украден автомобил од двор во Македонска Каменица

Украден е автомобил од двор во Македонска Каменица. Илчо Велков, вработен како шофер во општина Македонска Каменица, кој е сопственик на украдената „Сеат кордоба“, вели дека кражбата се случила во текот на изминатата ноќ, а тој изутрината ја пријавил во полиција.

– Утрово во 7:30 часот кога се подготвував за работа забележав дека го нема автомобилот и веднаш пријавив во полиција. Се работи за возило „Сеат кордоба“ со бела боја, произведен 1998 година, вели Велков.

Единствената информација за возилото по кражбата Велков ја добил од вработени во конфекција, кои го информирале дека го забележале возилото како се движи во правец кон Делчево.

– Автомобилот го виделе работници од една наша конфекција. Тие ме известија дека утрово го виделе на патот кон Делчево. Пренесена е оваа информација кон полицијата и очекувам брзгу да се најде, вели Велков.

Доколку некој има било каква информација за украденото возило Велков ги замолува да го контактираат на телефонскиот број 072-577-229.

Од полицијата го потврдија случајот и велат дека се работи на откривање на крадецот.