Укинат заклучок од техничката Влада за делницата Гостивар-Букојачани со фискални импликации од 252.699.474 евра
Владата на седница што се одржа вчера донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираат денеска од владината прес-служба.
Од Владата најавуваат дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.
-Овој заклучок бил усвоен на 13 јуни оваа година, повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на Одлуката за избор на нова Влада на Република Северна Македонија, како и економската неисплатливост за реализација на истиот, се вели во денешното соопштение од Владата.
Ново на Сител
-
Гаши: Вјоса Османи се тресеше на телефон, децата и плачеле, морав да помогнам
-
МВР постапува по повеќе предмети, ЈО немаат добиено пријава за поткуп за Коридорот 8
-
Малолетници украле автомобил, па откако го оштетиле го вратиле
-
Почината 45-годишна жена пронајдена во нејзиниот дом
-
Исчезнаа уште 7 работници од Непал
-
Бакарни сигнални кабли синоќа биле украдени на пругата Велес - Градско
-
Дали е истата како онаа на СДСМ?
-
Од четврток попладне во прекин системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ