Укинат полицискиот час во американскиот град Шарлот
Градоначалничката на американскиот град Шарлот, во Северна Каролина, вчера го укина полицискиот час, кој беше наложен претходната недела, поради протестите придружени со насилство, а кои8 беа иницирани со убиството на афроамериканецот Кит Скот (43) од страна на полицијата.
По убиството, што се случи во вторникот, во Шарлот се одржаа протести против полициската бруталност, кои прераснаа во насилство, по што градоначалничката Џенифер Робертс наложи полициски час од полноќ до 6.00 часот наутро.
Вчерашните протести поминаа мирно, а потоа Роберст објави дека е прекинат полицискиот час.
Во саботата, полицијата во американскиот град Шарлот објави записи и снимки од инцидентот меѓу полицијата и убиениот афроамериканец Кит Скот, откако демонстрантите неколку дена бараат нивно објавување.
Во полициското соопштение, со кое е приложена и снимката, се наведува дека Кит Скот имал пиштол и користел марихуана за време на инцидентот. Полицијата објави и фотографии на пиштол, футрола на глуждот и цигара со марихуана.
Убиството на црномурестиот маж од страна на полицијата предизвика масовни и насилни протести поради полициската бруталност.
На снимката не се гледа добро дали Скот имал пиштол, но јасно се слуша како полицајците бараат од него да го фрли на земја. Полицајците, кои биле во квартот за да извршат некоја друга задача, му го забележале оружјето и веднаш ставиле на себе заштитни елеци, пред да му дадат јасни инструкции да го остави пиштолот. Скот не ги послушал добиените усни команди. Полицаецот кој го убил Скот е исто така афроамериканец и отворил оган бидејќи проценил дека Скот претставува непосредна физичка закана за него и останатите полицајци.
Адвокатите на семејството на Скот изјавиле дека снимката остава многу прашања без одговор и не дава јасни докази дали во раката на убиениот има предмет и каков е тој предмет.
Полицијата соопшти дека на пиштолот се наоѓале отисоци од Скот, што е утврдено со ДНК анализа, а оружјето било наполнето.
Ново на Сител
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво