УЈП одржува обуки за граѓаните кои издаваат движен и недвижен имот
Управата за јавни приходи (УЈП) денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово одржа едукативна средба на која ја презентираше програмата за пријавување и оданочување приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот.
- Обуката во Куманово е првата од вкупно 46-те едукативни работни средби со граѓани кои ќе се реализираат и во останатите 36 општини низ Македонија.Посетителите ќе се стекнат со знаење преку практични примери за начинот на пријавување и оданочување на оставрените приходи и даночните поволности. Управата за јавни приходи ќе продолжи со едукативни програми со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски, изјави Сузана Стошевска-Николовска, координатор на даночно одделение УЈП Куманово.
На еднодневното бесплатно советување, посетителите имаа можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволност
Обуките се спроведуваат во рамките на Планот за управување со усогласеност на УЈП со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот. Приходите остварени по основ на закупнина издавање земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, викендици, превозни средства и друг вид имот подлежат на оданочување на персонален данок и граѓаните треба да го пријават во УЈП.
Аконтативната даночна пријава за остварени приходи, информираа од УЈП, и договорот за закуп се доставуваат до Управата, во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите. Образецот, може да се преземе од официјалната страна на Управата која пополнета се доставува до подрачните канцеларии. На обврзникот, додаваат од УЈП, му се признаваат и даночни олеснувања 25 проценти од висината на приходот и 30 проценти од висината на приходот при издавање под закуп на опремени станбени и деловни простории или ставрни трошоци кои треба да бидат документирано докажани.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници