УЈП ќе промовира поедноставни процедури за персоналниот данок
Управата за јавни приходи денеска ќе го промовира проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за даночни обврзници - физички лица. Проектот се имплементираше во изминатата година и е финансиран од ЕУ во вредност од 98.530 евра.
Од УЈП сметаат дека проектот ќе овозможи поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за фирмите и за граѓаните.
Фокусот на проектот е намалување на административниот товар и трошоците за пресметка и плаќање на даноците, зголемување на даночната ефикасност и следењето на наплатата на персоналниот данок на доход.
Во рамките на проектот развиени се нови веб базирани и кориснички ориентирани даночни услуги „е-Персонален данок на доход“ за пријавување и плаќање на персонален данок на доход од страна на граѓаните и фирмите и зајакнати се капацитетите на Управата за јавни приходи за одржување и понатамошен развој на системот.
Со новиот софтверски систем „е-Персонален данок на доход“ ќе се овозможи следење во реално време на пресметките и плаќањето на персоналниот данок на доход за физички лица од аспект на приходите остварени по сите основи, како и подобро планирање на јавните финансии за државните органи, што се планира да се имплементира во јануари 2018 година по усвојувањето на измените наЗаконот за персонален данок на доход.
Преку системот e-pdd.ujp.gov.mk ќе се овозможи издавање на пополнета Годишна даночна пријава од страна на УЈП во 2019 година за приходите кои граѓаните ги оствариле во 2018 година.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?