УХМР: Нестабилно време до сабота
– Периодот на нестабилно време ќе продолжи до сабота – претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа пороен дожд и грмежи. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
-Од недела услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови, освен во понеделник кога ќе биде нестабилно на повеќе места во земјата. Од сабота дневната температура постепено ќе се покачи, соопшти УХМР.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 35 литри на квадрат, навранало во Тополчани, 26 во Струмица и Крушево, 25 на мерна станица Пожар, 22 во Гевгелија и Прилеп, 21 во Тетово, 19 литри на квадратен метар во Дебар, 16 во Демир Капија, 14 во Битола, 13 во Штип, 12 во Пожаране, Скопје – Зајчев Рид и на Попова Шапка, девет во Куманово, осум во Маврово, седум во Берово, шест во Охрид, три во Виница, два литра на квадрат дожд се измерени во Скопје – Петровец, Крива Паланка и Претор.
Времето до крајот на денов ќе биде променливо облачно, на повеќе места и особено во јужните делови ќе
биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степен. Слично време и во Скопје каде што температурата ќе достигне 30 степени.
Ново на Сител
-
Укината блокада на трите гранични премини меѓу Косово и Србија
-
Ангелов: Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово
-
Бод за македонската репрезентација од гостувањето во Фарски острови
-
Тројца малолетници лишени од слобода поради физички напад во Градски парк
-
Две лица од Кочани лишени од слобода поради сомнение дека извршиле убиство на нивниот сосед во неговиот дом
-
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени во училиштето, оштетил инвентар
-
Николовски: Го поставивме лозаровинарскиот сектор како еден од најприоритетните во делот на поддршката од Владата и државата
-
Мелони и Зеленски разговараа за постигнување праведен мир и обнова