Угостителски објект во Тетово работел по дозволеното време, во него затекнати 14 странски државјанки
Вчера од полициски службеници од СВР Тетово, при контрола на угостителски објект на ул.„Браќа Миладинови“ во 22.30 часот, сопственост на З.А.(52) од Тетово, било констатирано дека објектот работи и во него има повеќе гости, со што не била почитувана одлуката на Владата на РСМ за работно време на угостителските објекти, соопштија од МВР.
Исто така, во објектот биле затекнати 14 странски државјанки (седум од Р.Албанија, шест од Р.Србија и една од Р.Косово).
Тие биле приведени во полициска станица, поради злоупотреба на туристички престој и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во полициска станица бил приведен и сопственикот З.А. и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 206 од Кривичниот законик.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител.
Ново на Сител
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир
-
ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин
-
Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп
-
Истражителите сметаат дека смртта на Џин Хекман и неговата сопруга е „сомнителна“
-
Организирале борба со кучиња - уапсени три лица во тетовско