Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според медиумите, Зеленски по посетата на Вашингтон ќе се сретне со британскиот премиер Киер Стармер, пренесува Интерфакс Украина.
Се очекува Зеленски да побара од Трамп безбедносни гаранции за Украина, а двајцата лидери подоцна денеска ќе потпишат договор за искoристување на минералите. Според нацрт-договорот, Украина ќе издвои 50 отсто од приходите од своите природни ресурси за овој фонд.
Зеленски инсистира дека заедно со економскиот договор мора да дојдат и конкретни безбедносни гаранции.
Трамп, меѓутоа, изјави дека нема да даде многу безбедносни гаранции, бидејќи Европа ќе го стори тоа.
Велика Британија и Франција ја разгледуваат можноста да испратат мировни трупи во Украина за да обезбедат почитување на евентуалниот прекин на огнот меѓу Киев и Москва.
Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон го посетија Вашингтон претходно оваа недела за да разговараат за иницијативата со Трамп.
Зеленски, кој сè уште се залага за членство на Украина во НАТО или слични безбедносни аранжмани, ќе се обиде да добие одговори од Трамп на клучните прашања – дали САД планираат да ја прекинат воената помош за Украина, дали Киев ќе може да купи американско оружје и дали Украина ќе може да ги користи замрзнатите руски средства за купување оружје, посочуваат американските медиуми.
Трамп претходно изјави дека присуството на САД во рударскиот сектор на Украина може да послужи како „автоматска безбедносна гаранција, бидејќи никој нема да прави проблеми кога Американците се таму“.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
