Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник

На 27.02.2025 во 17.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, од крстосница за с.Пискупштина кон с.Луково, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(51) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Н.(47) од Струга, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката Ф.И.(46) од с.Делогожда, струшко, од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка од истото возило, И.Л.(73) од с.Делогожда, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот Центар во Струга. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.
Ново на Сител
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
