Угостителски објект работел и по дозволеното време, газдата уапсен бидејќи одбивал да се легитимира
На 19.09.2020 во 22.50 часот во угостителски објект во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.К.(62) и Н.С.(48) од с. Голема Речица, тетовско, бидејќи при спроведена акциска контрола, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, а во врска со почитување на Протоколите за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана донесени од Владата на Р Македонија за мерки и спречување на внесување и ширење на вирусот Ковид-19, било констатирано дека истите не биле почитувани од Д.К. кој бил сопственик на угостителскиот објект.
Со тоа постоело основано сомнение дека сторил кривично дело- „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ казниво по чл.206 од КЗ на РМ, додека Н.С. одбивал да се легитимира, ги омаловажувал полициските службеници и при извршен претрес кај него бил пронајден нож.
По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток