Loading Video...
Фудбал
1. April 2020 - 15:53

УЕФА реши - Завршницата на европските купови да се игра во јули или август

Сигурно дека фудбалот кој според многумина е „најважната споредна работа во светот“, е најпогодениот спорт од пандемијата на Корона вирусот. 
 
Затоа денеска, Европската фудбалска унија (УЕФА) преку конференциски состанок со сите свои членки донесе неколку важни одлуки. 
 
Во обид да најде најдобро решение, УЕФА реши завршниците на европските купови односно Лигата на шампионите би Лига Европа, да се преместат за јули и август. 
 
Иако првично беше предвидено финалните натпревари да се одиграат на 24 и на 27 јуни, сепак тие ќе бидат презакажани за подоцна во летото. 
Засега од УЕФА нема прецизни термини, ниту информација како при се доиграле нокаут фазите, кои застанаа на половина од осминафиналната рунда.  
 
Неофицијално, финалните натпревари во Лигата на шампиони чиј домаќин треба да биде Истанбул и оној во Лига Европа што треба да се одржи во Гдањск, најверојатно ќе се одиграат без публика.