Удрил пешак и побегнал од местото на несреќата - уапсен битолчанец кој предизвика сообраќајка со жртва
СВР-Битола соопшти дека го уапсиле битолчанецот Г.П. (44 г.), кој пред два дена предизвикал сообраќајка во која животот го загуби С.В. (56) од Битола.
Од секторот за односи со јавност информираат дека синоќа во 21:20 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на сообраќајот Битола, како и полициски службеници од Криминалистичка полиција во содејство со полициски службеници од Полициско одделение – Велушина, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, во битолското село Бистрица, го лишиле од слобода лицето Г.П.(44) од село Бистрица, кој на 29 јануари на улица „Васко Карангелевски“ во Битола со возило удрил во пешакот С.В.(56) од Битола, по што побегнал од местото на сообраќајката.
Наредниот ден, 30, јануари, во Клиничката болница-Битола С.В. им подлегнал на повредите. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, потврдија од СВР-Битола.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници