Македонија
14. April 2017 - 12:27

Ученици од Кавадарци помагаат со хумани акции

Хуманитарен концерт и карате турнир за сограѓани на кои им е потребна помош, одржаа синоќа ученици од основното училиште „Тоде Хаџи Тефов“ како дел од програмата „Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности”.

Програмата се имплементира 20 години од Црвениот крст на Република  Македонија. Според координаторот на програмата при кавадаречкиот Црвен крст Анастасија Јовановска, имплементацијата годинава е овозможена со поддршка на Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвената полумесечина.

Собраните финансиски средства од концертот на кој настапија ученици и членови на балетското студио “Венус”, како и на студиото за модерни танци „Линеа”, се за семејство на ученик вклучен со инклузија во школото „Страшо Пинџур“. Ќе им се доизгради и опреми купатилото во домот.  Парите од карате турнирот, пак, кој се одржа во соработка со ОУ „Гоце Делчев“ се за шестчлено семејство од село Дреново.

- Ќе се гради и опреми купатилото во домот за подобрување на основните екзистенцијални потреби, соопшти Јовановска.