Ученици од Кавадарци помагаат со хумани акции
Хуманитарен концерт и карате турнир за сограѓани на кои им е потребна помош, одржаа синоќа ученици од основното училиште „Тоде Хаџи Тефов“ како дел од програмата „Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности”.
Програмата се имплементира 20 години од Црвениот крст на Република Македонија. Според координаторот на програмата при кавадаречкиот Црвен крст Анастасија Јовановска, имплементацијата годинава е овозможена со поддршка на Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвената полумесечина.
Собраните финансиски средства од концертот на кој настапија ученици и членови на балетското студио “Венус”, како и на студиото за модерни танци „Линеа”, се за семејство на ученик вклучен со инклузија во школото „Страшо Пинџур“. Ќе им се доизгради и опреми купатилото во домот. Парите од карате турнирот, пак, кој се одржа во соработка со ОУ „Гоце Делчев“ се за шестчлено семејство од село Дреново.
- Ќе се гради и опреми купатилото во домот за подобрување на основните екзистенцијални потреби, соопшти Јовановска.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс