Убиството на војниците во Сараево оценето како „терористички чин“
Државното обвинителство на Босна и Херцеговина го истражува синоќашниот напад и убиството на двајцата војници на босанската Армија, како „чин на тероризам“, изјави денеска во Сараево портпаролот на Обвинителството, Борис Грубешиќ.
Двајца војници на Армијата на Босна и Херцеговина беа убиени синоќа во една обложувалница Сараево, кога врз нив пукал Енес Омерагиќ, кој потоа побегнал од местото на нападот. При нападот е полесно е ранет уште едне војник.
По нападот врз војниците, што се случи недалеку од воената касарна во Рајловац, Омерагоќ пукаше и врз еден автобус на градскиот превоз, ранувајќи го возачот и двајца патници.
Потоа, Омерагиќ се забарикадира во својата куќата во населбата Рајловац, каде по неколкучасовните неуспешни преговори со полицијата за неговото предавање, се самоуби.
Некои сараевски медиуми го оквалификуваа Омерагиќ како човек зависник од дрога, но премиерот на федералната влада на БиХ Салих Звиздиќ, по синоќешната вонредна седница на владиниот кабинет изјави дека убиството претставува „напад врз државата„.
Нема докази дека Омерагиќ бил припадник на џихадистите и исламисичтки милитант, но тој бил поврзан со некои локални радикални вехабистички организации.
Убиството на војниците, едниот од нив Србин - Недељко Радиќ, а другиот Бошњак - Армин Салкиќ, властите го оценија како „нападп врз заедничкиот живот и сожителството во земјата“.
Во БиХ од ноќеска се засилени мерките за безбедност и за заштита на објектите на армиските сили, но од граѓаните е побарано да останат мирни.
Ова е втор вооружен напад оваа година во БиХ, што се оквалификува како „чин на тероризам“ Во април, вооружен напаѓач во Зворник, во источна БиХ ја нападна полициската станица, убивајќи еден и ранувајќи двајца полицајци.
При нападот тој извикувал „Алах Акбар“ (Алах е голем).
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица