Македонија
23. July 2017 - 21:31

Убиство во Охрид, кавга завршила со фатален исход

Попладнево по 18 часот во Охрид, на улицата „Будва“ се случило убиство, објавија охридските медиуми.

Според засега неофицијални информации до убиството дошло по жестока вербална расправија меѓу две повозрасни лица.

Во расправијата потоа се вмешал и синот на еден од раскараните лица при што случајот ескалирал во физичка пресметка, при што едно од повозрасните лица на околу 60 години е убиен од страна на помладо лице.

Повеќе детали од МВР во текот на утрешниот ден.