-->
-->
Убиство во Кочани, сопругата го избодела мажот до смрт
-->
Семејна драма утрово завршила трагично во Кочани.
Според неофицијалните информации кои ги доби Сител, по расправијата која настанала помеѓу сопружници, жената до смрт го избодела нејзиниот сопруг во дворот од семејната куќа.
Со тешки телесни повреди и голем број исекотини се здобила и сопругата која со возило на итната медицинска помош од Кочани била пренесена во штипската клиничка болница.
Сител побара информација од СВР Штип од каде не информираа дека се во тек проверките и јавноста ќе ја информираат веднаш откако ќе имаат информации за случајот.
Иван Кузмановски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа