Македонија
24. јуни 2019 - 15:45

Убиство и самоубиство во Македонија, телата на обдукција

Во СВР Битола вчера во 14.15 часот било пријавено дека во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола С.Ѓ. (62) по претходна расправија извршил убиство на неговата сопруга М.Ѓ. (57), по што извршил самоубиство.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Се работи на расчистување на случајот.