-->
-->
Убиен полициски инспектор во престрелка пред ноќен клуб во Бјелина
-->
Синоќа пред ноќниот клуб „Џил“ во центарот на Бјелина во престрелка е убиен полицискиот инспектор Ненад Марковиќ, а четири лица се уапсени под сомнение дека се поврзани со ова дело, пренесе „Блиц.рс“.
АТВ неофицијално дознава дека Марковиќ на излегување од клубот бил погоден од два истрели од огнено оружје, пренесува „Српскаинфо“.
По убиството, голем број полицајци го блокирале поширокиот простор околу местото на злосторството, а ги запреле и контролирале сите возила и случајни минувачи.
Во тек е истрага, која ја води дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Бјелина. Се истражуваат точните околности на убиството.
Убиениот Ненад Марковиќ работел како инспектор во Полициската станица 2 во Бјелина, Босна и Херцеговина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?