-->
-->
Уапсено 20-годишното момче кое вчера во Врачар рани две лица, меѓу кои и Македонец
-->
Припадниците на српското МВР идентификуваа и приведоа момче кое пукало од пиштол и ранило две лица на улицата „Максим Горки“ во белградската општина Врачар во текот на вчерашната вечер.
Според медиумите, приведен е Н. Ѓ. (20) кој е осомничен дека во понеделникот околу 19.40 часот во Врачар пукал од пиштол и ранил две лица.
Ранетите се А. П. (26) и македонскиот државјанин Д. Л. (21).
Од Брзата помош констатирале дека 26-годишен маж бил застрелан во натколеницата и со тешка повреда и обилно крварење е пренесен во Ургентниот центар на реанимација.
Истиот напаѓач пукал и во уште едно младо момче на возраст од 20 години, кое се обидело да побегне и со прострелна рана во грбот бил пренесен во Ургентниот центар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето