Уапсени пет лица за злоупотреба на службена положба и за перење пари
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал вчера во Скопје уапсиле пет лица за злоупотреба на службена должност и за перење пари.
- Вчера (29.06.2023) во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР - Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Според Кривичниот законик, член 273 се однесува на перење пари, а член 353 за злоупотреба на службената положба.
Дел од медиумите објавија дека меѓу уапсените се и сопственикот на „Тинекс“ и поранешен градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ и поранешниот функционер во истата Општина Владимир Здравев за предметот за проектот „Скопје 2014“.
Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
За денеска во 13 часот прес-конференција има најавено и Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки