Уапсен жител на Аризона кој се заканил со убиство на Трамп
Роналд Ли Сивруд (66) бил уапсен синоќа во округот Кочис, Аризона, откако на социјалните мрежи се заканил дека ќе го убие поранешниот претседател Доналд Трамп, соопштија во четвртокот од канцеларијата на шерифот на округот Кочис.
Трамп, кандидат за претседател од Републиканската партија, синоча беше во округот Кочис, во посета на американско-мексиканската граница, како дел од неговата кампања.
-Не, не сум слушнал за тоа, но не ме изненадува, и причината е дека сакам да правам лоши работи на лоши луѓе, изјави Трамп на прашање по повод оваа закана против него во Аризона.
Ова е последен случај од серијата закани против американските претседателски кандидатите пред изборите на 5 ноември.
Минатиот месец Трамп беше повреден во увото за време на обид за атентат, во кој беа ранети две лица а едно загина.
На почетокот на август, жител на Вирџинија беше обвинет за закани против потпретседателката Камала Харис, противничката на Трамп од Демократската партија, а во декември беше уапсен маж од Њу Хемпшир поради закани за убиство на кандидатите за претседател од Републиканската партија.
По пукањето во Трамп, Тајната служба на САД се соочи со обемни критики, што доведе до оставка на шефот на оваа федерална служба.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел