-->
-->
Уапсен косовар кој не застанал на гранична контрола на „Блаце“ и се обидел да избега кон Скопје
-->
На 15.03.2023 во 04.55 часот од полициски службеници од Граничниот премин Блаце бил лишен од слобода И.Д.(25) од Косово, кој управувал патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки.
Имено, околу 04.45 часот на Граничен премин Блаце, при влез во државата, тој со возилото не застанал на граничната полициска ни на царинска контрола и се обидел да избега кон Скопје, но по преземени мерки од полициски службеници на патот за Долно Блаце бил пронајден и приведен.
И.Д. бил предаден на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции при РЦ Север за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот