Македонија
22. December 2021 - 11:28

Уапсен гостиварец кој нашол лична карта на улица па со неа склучил договор за телефон и подигнал кредит

На 21.12.2021 околу 22.30 часот,  полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот гостиварец В.Ф., поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и „измама“.

Тој се сомничи дека со лична карта која наводно ја нашол на улица од друго лице, кое на 16.12.2021 го пријавило случајот, склучил договор за набавка на телефон, а подигнал и кредит во скопско финансиско друштво.

По целосно документирање на случајот против В.Ф. ќе следува соодветен поднесок.