Уапсен директорот на Комунална хигиена

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик.
- По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за Загрозување на животната средина и природата со отпад, наведуваат од Обвинителството.
Медиумите попладнево објавуваат дека меѓу приведените е директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми. Засега полицијата и обвинителството официјално не ја потврдуваат оваа информација.
Истрагата за работата во ЈП „Комунална хигиена“ започна откако во Градот Скопје подолго време не се собираше сметот што доведе и до воведување мерки од страна на здравствените власти.
МИА
Ново на Сител
-

Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола
-

Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
