-->
-->
У_21 квалификации: Германија, Англија и Чешка се пласираа на ЕП
-->
Репрезентациите на Германија, Англија и на Чешка се пласираа на Европското првенство за селекции до 21 година што ќе се игра во Полска од 16 до 30.јуни 2017. Овие три селекции го имаат обезбедено првото место во своите групи и им се приклучија на Португалија и на Данска како првопласирани. Полска како домаќин има обезбедено учество.
Во групата на селекции кои директно може да се пласираат на ЕП е и Македонија, но ќе мора да го освои првото место во конкуренција на Исланд и на Франција. Во оваа група се наоѓаат репрезентациите на: Македонија, Хрватска, Франција, Исланд, Италија, Србија, Шпанија и Шведска.
Сигурен учесник во баражот како второпласирана е Австрија, додека шанса покрај селекциите од претходната група се уште и: Белгија, Израел, Холандија, Норвешка, Романија, Словенија и Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата