-->
-->
У-21: Србија и Шпанија на ЕП во Полска
-->
Младите фудбалски репрезентации на Србија и Шпанија, во вторникот, ја комплетираа листата на учесници на Европското првенство чии домаќин ќе биде Полска, а на кои прв пат во историјата ќе учествува и Македонија.
Србија и Шпанија играа бараж и во два натпревари ги елиминираа Норвешка, односно Австрија.
Младите српски репрезентативци, во петокот, на домашен терен ја совладаа Норвешка 2:0, а во реваншот загубија 1:0.
Шпанија и Австрија во двата меча одиграа нерешено, но Шпанците ќе играат на континенталното првенство благодарение на голот постигнат во гости. Првиот меч во Австрија заврши 1:1, а во реваншот одигран во Шпанија во вторникот немаше голови.
На Европското првенство од 16. до 30.јуни наредната година ќе играат Полска (домаќин), Македонија, Италија, Чешка, Португалија, Данска, Шведска, Германија, Словачка, Англија, Србија и Шпанија.
На ЕП 12-те селекции ќе бидат поделени во три групи, а нивниот состав ќе биде одреден на 1.декември во Краков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст