-->
-->
У-21: Исланд без најдобриот играч во Скопје
-->

Младата фудбалска репрезентација на Македонија во четврток на терените на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ го игра квалификацискиот дуел со селекцијата на Исланд (14ч). Избраниците на селекторот Милевски ќе бараат реванш за поразот на гостински терен од 3-0 но пред се најважни се бодовите. Исланд е втор во групата со три бода повеќе од нашата селекција што говори дека се работи за квалитетите на оваа селекција. Селекторот Ејлофур Сверисон најави дека има проблеми да го состави најдобриот тим но се надева на добра игра и поволен резултат:
„Овие мечеви секогаш се тешки во март. Момците се уште не се сто отсто подготвени и во полна кондиција. Досега тренираа на вештачка трева, а сега на природна и тоа е пресврт. Ние сме свесни за тоа. Плус, Македонија е многу силна дома, каде играа нерешено со Франција. Затоа мора да бидеме сто отсто фокусирани. Знаеме кои се нивните силни страни и треба да се подготвиме да ги искористиме нивните слабости“, вели селектрот на Исланѓаните, Ејлофур Сверисон.
Селекторот има мака со Оливер Сигурјосон, кој поради повреда ќе го пропушти мечот, а слично има проблеми и со голманското решение, откако Фредерик Скрам нема настап од декември, откако неговиот клуб отишол во стечај.
„Голема загуба е неиграњето на Оливер. Тој е добар во тркачкиот дел, но имаме други фудбалери кои треба да го заменат во средниот ред. Ние ќе погледнеме како противникот е поставен, но ќе ја играме нашата игра. Ќе имаме само три тренинзи, но нашите улоги на теренот ќе мора да бидат јасни, а очите насекаде отворени“, додава селекторот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
