Туск: Прво да завршиме со минатото, а потоа да преговараме за идните односи со Лондон
Пред да ја разгледуваме идината, прво треба да завршиме со минатото, стои во поканата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск испратена до владините лидери на земјите членки на Еврпската унија, во пресрет на утрешното заседание посветено на заминувањето на Велика Британија од Унијата.
Лидерите на ЕУ ќе се состанат утре во Брисел без претставниците на британската Влада, со цел да ги определат преговарачките насоки за завршувањето на досегашните односи со Лондон.
Туск повика дефинирањето на односите меѓу ЕУ и Велика Британија по март 2019 година, да биде оставено за подоцна, кога веќе ќе биде склучен договорот за условите за напуштање.
Претседателот на Европскиот совет предлага преговорите да бидат водени така што ќе им биде дадена предност на правата на граѓаните.
Според него, следи да биде утврдена детална и недискриминаторска заштита за граѓанските права, што ќе се спроведе со едноставни и брзи процедури.
- Сите треба да се согласиме дека финансиските долгови на Велика Британија, направени досега, треба да бидат исплатени. За да го зачуваме мирот и успесите од процесот за помирување од договорот од Велики петок (Договорот од Белфаст, направен на 10 април 1998 година) треба да се обидеме да ја избегнеме обновата на физичката граница меѓу Ирска и Северна Ирска, додаде Туск.
Тој нагласи дека дури кога сите тие услови ќе бидат исполнети ќе има можност за договор за идните взаемни односи на ЕУ и Велика Британија.
- Напредокот по прашањата поврзани со луѓето, парите и Ирска е примарен, потенцираше претседателот на Европскиот совет.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години