Турските специјални сили пристигнаа на Косово за да му помогнат на КФОР
Припадници на турскиот баталјон командоси, чие испраќање беше побарано од НАТО, пристигнаа на Косово поради неодамнешното влошување на безбедносната состојба.
Претставник на турското Министерство за одбрана минатата недела изјави дека околу 500 турски војници ќе бидат испратени на Косово.
НАТО во вторникот најави дека ќе испрати 700 дополнителни војници во Косово за да ги засили силите на КФОР, во чиј состав досега беа околу 3.800 војници, вклучително и 350 од Турција.
Тензиите на северот на Косово ескалираа на 26 мај, кога специјалните единици на косовската полиција ги окупираа зградите на локалната самоуправа во општините со српско мнозинство, со цел да постават нови градоначалници Албанци, избрани на изборите што беа бојкотирани од Србите.
Во понеделникот, на 29 мај, десетици луѓе од двете страни беа повредени во судирите меѓу силите на КФОР и косовските специјални сили со локалните Срби.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртил на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило