Турскиот Суперкуп откажан во Саудиска Арабија поради дресови со ликот на Ататурк
Причина за откажувањето на синоќешниот финален натпревар во турскиот фудбалски Суперкуп меѓу Фенербахче и Галатасарај, што требаше да се одигра во Саудиска Арабија, е спор меѓу двата клуба и организаторите околу дресовите на играчите, јавија денеска турските медиуми.
Телевизијата Хабер Турк објави дека играчите на двете екипи сакале да носат маички со ликот на Кемал Ататурк на загревањето пред натпреварот, но саудиските организатори тоа не им го дозволиле.
Турските играчи инсистирале да носат маички со ликот на Ататурк, бидејќи ова издание на Суперкупот е во годината во која се одбележува еден век од прогласувањето на турската република.
Галатасарај и Фенербахче минатиот месец во заедничко соопштение бараа Суперкупот место во Ријад да се игра во Самсун, град на брегот на Црното море, од каде „таткото“ на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ја поведе војната за независност, која резултираше со прогласување на Републиката на 19 октомври 1923 година.
Ново на Сител
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова
-
Преглед на вестите од светот