Балкан
14. July 2019 - 14:55

Турски пекар одлучи да го почести Путин: За ракетите Ѕ-400 ќе му подготви најдобар бурек и ќе го прати во Кремљ

Пекар од турскиот град Бурса, Хасан Аџар, чиј бурек влезе во Гинисовата книга на рекорди, изјави за Спутњик дека има намера да испече традиционален турски бурек за претседателот на Русија Владимир Путин, а повод е почетокот на испораката на русктие противвоздушни ракетни системи Ѕ-400 на Турција.

„Почетокот на испораката на противвоздушните системи Ѕ-400 на Турција, за кои толку многу се зборува во нашата земја, беше добредојдена вест за нас. Сфаќајќи колку е важно за националната безбедноста на нашата земја, како и за односите меѓу Турција и Русија, сакам да дадам свој придонес за развој на односите меѓу нашите две земји.

Поради тоа ќе ги вложам сите напори и ќе му испратам денеска во Кремљ, лично на Владимир Путин, наша традиционална пита - бурек“, рече пекарот.

Аџар додаде дека питата ќе биде со сирење и спанаќ. Вкупната тешина на пакетот ќе биде 4 килограми. Според неговите пресметки, пратката во Москва треба да стигне во рок од пет дена, додека „бурекот може да се јаде уште десет дена од денот на печењето“.

„Во текот на последната посета на Турција, господин Путин изрази желба да посети турски ресторан. Сакам да го повикам во нашиот преубав древен град Бурса и во мојот ресторан каде ќе му направам најдобар бурек“, истакна пекарот.

Аџар во 2012 година влезе во Гинисовата книга на рекорди за најголем бурек, чија должина била 2.023 метри.

Договорот за набавка на четири дивизиони Ѕ-400 вреден 2,5 милјарди долари е заклучен во 2017 година. Турција дел од договорот за Ѕ-400 ќе плати сама, а дел ќе покрие со руски кредит. Според зборовите на вицепремиерот на Русија Јуриј Борисов - договорот предвидува и опција за испорака и по завршувањето на главниот дел од испораката. Првата испорака на Ѕ-400 во Турција стигна во петокот на 12 јули, а другиот дел е планиран за сабота 13 јули во утринските часови.