Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел мора да дејствува поодговорно во својата војна против милицијата Хезболах во Либан, која е поддржана од Иран.
-Не сум задоволен од начинот на кој Израел се постави кон Либан и Хезболах, требаше да ја завршат работата побрзо – рече Трамп денеска на средбата со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, на маргините на самитот на Г7 во францускиот град Евијан.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „мора да биде поодговорен во однос на Либан“, нагласи Трамп.
Израел се бори со Хезболах „премногу долго“ и „премногу луѓе гинат“, изјави Трамп за конфликтот, во кој околу 3.800 луѓе загинаа, а околу 11.700 други се повредени во Либан.
-Не мора да уривате станбена зграда секојпат кога барате некого, бидејќи во тие згради има многу луѓе, а тие не се сите Хезболах, тоа можам да ви го кажам – рече Трамп, мислејќи на израелските воздушни напади.
Војната во Либан се смета за една од најголемите пречки за рамковниот договор во војната со Иран. Иран – главниот поддржувач на Хезболах – соопшти дека новите израелски напади врз Либан и натамошната окупација на територии ќе се сметаат за прекршување на договорот.
Израел соопшти дека засега нема намера да ги повлече своите копнени сили од окупираната територија во соседната земја, со наведена цел да го заштити сопственото население во северен Израел од натамошни напади на милицијата.
Истовремено, Трамп го опиша конфликтот во Либан како „мала војна“ во споредба со „големата“ војна со Иран.
-Но, го имаме тој мал убод таму што постојано се појавува, а тоа е Хезболах – рече Трамп.
Трамп го опиша својот однос со Нетанјаху како „неверојатен“. Израел одамна ќе беше „разнесен“ без него, рече Трамп, мислејќи на долготрајниот конфликт на Израел со неговиот лут непријател Иран.
-Без Соединетите Држави, немаше да има Израел. Без мене, немаше да има Израел – изјави Трамп.
Трамп повторно ја покрена можноста за вклучување на Сирија во војната во соседен Либан, идеја од која сирискиот преоден претседател Ахмед ал-Шара веќе се огради.
-Ако Израел не може да ја заврши работата без да ги убие сите останати, (Ал-Шара) ќе ја заврши работата. Сирија ќе ја заврши работата – рече Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
