Свет
22. September 2016 - 19:28

Турски ловци погодија позиции на ИД во Сирија, откако две ракети паднаа во Килис

Турски ловци погодија цели на Исламската држава во Сирија, откако денеска две ракети, истралани од територијата која е под контрола на џихадистите, падна во турскиот пограничен крад Килис и рани неколкумина, јави ТАСС. 

Шест цивили, од кои пет деца, денеска се повредени при падот на првата ракета, а од втората се повредени две лица, еден возрасен Турчин и едно сириско дете. 

Килис е често мета на напади од страна на ИД, при што загинале десетици лица. Во август Турција почна воена операција во Сирија со цел да ги елиминира борците на ИД.