Грчки медиуми: Бегалците и мигрантите во Идомени почнуваат штрајк со глад
Во кампот во Идомени, во близина на грчко-македонската граница, бегалци и мигранти почнаа штрајк со глад и блокирање на патиштата. Во кампот има 12 илјади луѓе од кои речиси половината се деца, објави грчкиот весник „Прото тема“ во репортажа од пограничното место.
Весникот наведува дека по повлекувањето на многу невладини организации од Идомени, нема кој да се грижи за здравјето на бегалците и мигрантите кои престојуваат таму.
Доброволци тврдат дека хуманитарни органзиации, кои дошле на почетокот од неделава, не знааат што да прават. Колку повеќе бегалците знаат што се случило со договорот меѓу ЕУ и Турција, толку повеќе ескалираат тензиите, а реакциите укажуваат дека се можни ескалации, наведува весникот.
Тензија се чувствува и во бегалските кампови во Неа Кавала, Поликастро и на островот Лезбос.
Истовремено, Владата во Атина се стреми да испрати колку може повеќе бегалци во Идомени.
Алармантна е и ситуацијата на останатите острови, откако организацијата „Сејв д чилдрен“ се повлече од бегалските кампови каде се грижеле најмногу за децата. Голем број од невладините организации најавија бојкот на центрите за задржување, незадоволни од договорот меѓу ЕУ и Турција, кој според нив ги нарушува човековите права. Хуманитарните опрганизации наведуваат дека соработката со грчките власти би ги направила „соучесници во пракса која е неправедна и нехумана“.
Ново на Сител
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1