Турски бизнисмени заинтересирани за извоз на тиквешко вино
Неколкумина турски бизнисмени дојдоа во Тиквешко и во тек е посетата на неколку винарници. Целта на посетата е гостите кои имаат желба за извоз на тиквешко вино во Турција, на терен да ги согледаат можностите за соработка.
Посетата е во рамки на традиционалната манифестација „Духовден-Праскобер" која викендов се одржува во Росоман, како најголем регион за производство на праски во Македонија.
- Делегацијата ја предводи Фикрет Чам, поранешен градоначалник на Јеникен, општина збратимена со Росоман. Тој сега е советник во општините Баргама и Измир. Целта на посетата на тиквешките винарии е воспоставување соработка заради извоз на квалитетното тиквешко вино, изјави Ѓорѓи Крстевски, портпарол на росоманската локална самоуправа.
Во рамки на манифестацијата која веќе неколку години се организира во Росоман, се одржуваат и спортски и културни настани на кои присуствуваат гости од земјава и од странство.
Годинава ќе нема симболично откинување на првата праска бидејќи, како што рече Крстевски, праските созреаја порано и веќе добар дел од нив завршија на домашните пазари, а најмногу во странство.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците