-->
-->
Турската крајбрежна стража притвори 115 илегални имигранти
-->

Турската крајбрежна стража при две одделни операции во Егејското Море приведе вкупно 115 илегални мигранти кои се обидувале да стигнат до грчки острови, објави весникот „Милиет".
При едната операција, тимови на крајбрежната стража, близу Сеферихисар, во округот Измир, пронашле гумен чамец во кој имало 48 илегални мигранти, вклучувајќи 17 деца.
При втората операција, спроведена крај Дидим, округ Ајдин, биле фатени 67 илегални мигранти, вклучувајќи 30 деца.
Нелегалните имигранти приведени во двете операции се сириски и ирачки граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
-

Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
-

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
