Грчките земјоделци ги заоструваат протестите и блокадите

Продолжување на активности, но и заострување во следните денови, одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок на кој учествуваа претставници на над 50 блока од цела Грција, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за средба, јави дописничката на МИА од Атина.
Претставници на земјоделците велат дека по денешниот состанок и со одлуките, покажале дека блоковите од цела Грција функционираат како еден обединет блок, објаснија дека не добиле суштински одговори од Владата и дека не се исполнети нивните услови за средба со владини претставници.
Дополнително нагласија дека се решени да продолжат со блокадите и ако е потребно и Божиќ и Нова година ќе ги поминат на улица.
Планираат од утре, по 14 часот по локално време, да затворат уште повеќе патишта и автопати и споредни улици низ цела Грција, а не е исклучена можноста одлуките за заострување на протестите да значи и повеќечасовни блокади на граничните премини.
Пораката на грчките земјоделци е дека не сакаат блокадите да бидат пречки за патувањата на граѓаните за божиќните празници и веројатно во вторник ќе ги отворат патиштата, но и патарините за слободно движење на возилата во пресрет на Божиќ.
Сепак за следните чекори, одлуки ќе бидат донесени во вторник, за кога е закажан нов состанок.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
Ново на Сител
-

ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино
-

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари
-

Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
-

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
