Турската армија го држи под опсада градот Африн
Турската армија и нејзините сојузници од Слободната сириска војска го држат под опсада северниот сириски град Африн, упориште на курдските милиции, соопштија денеска турските воени власти.
- Во рамки на нашите операции, градот Африн од вчера, 12 март 2018, е под опсада, се наведува во соопштението на турската војска, објавено од Анадолија.
Војската ги зазеде „критичните точки“ на градот, се наведува во соопштението, без да се наведат конкретни детали.
Илјадници лица од вчера почнаа да бегаат од Африн во моментите кога турските сили се приближуваа кон градот и се упатија кон блиските области кои се под контрола на сириската Влада.
Градот Африн е главна цел на офанзивата која Турција ја почна на 20 јануари против курдската милиција и нивните Единици за заштита на народот. САД ја поддржуваат курдската милиција во Сирија, но Турција ги смета за терористи, односно за продолжена рака на курдските бунтовници кои се борат во Турција.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќен режим во Скопје поради посетата на претседателката на словенечкиот Државен збор
-
Генерален штрајк во Грција
-
Најмалку 20 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во северна Кина
-
Продолжуваат судењата против Мерко за набавката на аудито и за поставената плоча на влезот на општинската зграда
-
Почнува Делфи економскиот форум во Грција, утре учество на министерот Муцунски
-
Пресудата за возачот кој ја прегази Теодора на увид пред Судскиот совет
-
Претседателката на словенечкиот Државен збор во прва официјална посета на земјава
-
Најмалку 44 загинати и над 160 повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република